КРУШЕВО КУЛТУРА

Црква Свети Јован

Црквата Свети Јован е изградена во 1897 година и се наоѓа во непосредна близина на центарот на Крушево. Црквата поседува иконостас работен од Нестор и Лазар Алексиевски. Внатре во црквата исто така се забележуваат две големи печки типични за Крушевските куќи.