КРУШЕВО КУЛТУРА

Црква Свети Никола

Црквата Свети Никола е изградена 1905 година на местото на претходната црква(датира од 1832) која била запалена за време на Илинденското востание. Црквата Свети Никола е соборен храм во Крушево и се наоѓа во старата чаршија во централниот дел на овој мал град. Таа е една од најстарите сакрални градби во Крушево. Оваа црква е позната и по прочуениот иконостас работен од тајфата на Петре Филипоски – Гарката.