КРУШЕВО КУЛТУРА

Споменик “Илинден” - Македониум

Споменикот „Илинден“ уште познат и како Македониум е комплекс што се наоѓа во Крушево. Споменикот бил откриен на 2 август 1974 година на денот на триесетгодишнината на заседанието на АСНОМ и 71 годишнина од Илинденското Востание.Споменикот ја означува непокорноста, борбата и вечната стремеж на македонскиот народ за слобода и самостојна држава.Споменикот Илинден се протега на 12 хектари и формата започнува со раскинати пранги продолжува преку криптата и колоритно – мозаичната керамопластична сцената, па завршува со купола извишена 1320 метри надморска височина, од каде се протега извонреден поглед кон градот Крушево. Денес во самата купола се наоѓа гробот на Никола Карев и споменица и биста на Тоше Проески.