КРУШЕВО КУЛТУРА

Ски центар Станич

Ски центарот Станич, располага со три патеки, два ски лифтови и една двосед жичница која носи од градот, низ букова шума, директно на терените. Патеките имаат нивоа, лесна 350м, средна 400м и патека со напредно ниво во должина од 700м под двосед жичницата. На ски патеките има и елементи за сноуборд парк. Инсталирано е и осветлување за ноќно скијање под синиот лифт и стазата под жичницата. Во непосредна близина на самиот центар, на терените постои угостителски објект, ресторан кој нуди најразлични видови храна и пијалоци. Центарот располага со ски депо за изнајмување на скии како и ски школа.

Локалитетот Станич се наоѓа на запад од Крушево ад коријата. До овој локалитет може да се стигне со жичара која се наоѓа во самиот град. Овој локалитет е познат по зимските спортови. На самиот терен се поставени ски-лифтови и е погоден за рекреативно скијање и санкање.