КРУШЕВО КУЛТУРА

Музеј на Илинденското востание

Музејот на Илинденското востание и Крушевската Република е основан на 2 август 1953 на 50 годишнината на Илинденското востание и Крушевската република во куќата од која е извршено прогласувањето на Крушевската Република во 1903 година.Оваа куќа предходно им припаѓала на семејството Томалевски.Во Музејот се изложени голем број експонати од времето на Илинденското востание,оружјето со кое се служеле востаниците, документи и разни предмети од овој период. Тука е и оригиналниот бројчаник од саатот на камбанаријата на Црквата “Свети Никола”, која за време на Востанието била опожарена и разрушена од страна на османлиските војски и башибозукот. Во Музејот се наоѓа и една реплика од легендарното црешново топче, саркофагот во кој се донесени моштите на Никола Карев.