КРУШЕВО КУЛТУРА

Музеј Леарница

Музејот Леарница постои откако е повторно отворен од 2003 година. Тој се наоѓа во истата куќа во која пред и за време на Илинденското востание била сместена тајната работилница за изработка на куршуми за потребите на востаниците. Во овој музеј изложена е и мошне обемна збирка оружје што било употребувано од востаниците. Покрај другото, тука е и личното оружје на Никола Карев – Претседател на Крушевската Република од 1903 година.