КРУШЕВО КУЛТУРА

Мечкин Камен

Мечкин Камен е споменик во близина на градот Крушево. Претставува востаник со високо подигната карпа над главата и го претставува последниот очајнички миг во борбата на востаниците од одредот на легендарниот војвода Питу Гули, кои ги дале своите животи при одбраната на Крушевската Република.

Мечкин Камен е еден од најпознатите локалитети во близината на Крушево. Овој локалитет е познат по историската битка што се одиграла на 2 Август 1903 година, одбрана на Крушев ската Република. Во оваа легендарна битка херојски загинал војводата Питу Гули, скоро со целата своја востаничка чета храбро борејќи се против посилниот противник – аскерот на Бахтијар Паша и башибозукот. На овој локалитет е изграден споменик Во чест на Питу Гули и неговата востаничка чета кои храбро се бореа за Крушевската Република .