КРУШЕВО КУЛТУРА

Манастирскиот комплекс Св. Преображение

Манастирскиот комплекс Св. Преображение, подигнат бил на месноста Ручало на околу 1642 м надморска висина, во прекрасен и живописен природен амбиент. Од Крушево, на север, комплексот е оддалечен околу 8 км. Се наоѓа во близина на локалитетот “Слива“. Манастирот вандалски е разрушен во почетокот на 19 век, а возобновен е во 1986 година. Овој манастир е преодна точка за планинските велосипедисти и планинарите на патот кон Мусица, на 1 780 м.н.в.. Секој 18-ти август крушевчани се збираат тука.