КРУШЕВО КУЛТУРА

Крушевско Езеро

Крушевското Езеро понекогаш нарекувано и Габелово Езеро претставува вештачка акумулација во непосредна близина на Крушево. Од езерото истекува Крушевско-норовската река. Крушевското Езеро има богат рибен фонд. Најзастапени се крап, караш, клен, охридска и калифорниска пастрмка, црвеноперка, плашица, толстолобик и др. Риболовот е дозволен во текот на целата година со исклучок на месец јуни, кога е периодот на мрестење кај рибите.