КРУШЕВО КУЛТУРА

Галерија Никола Мартиновски

Извонредно творештво на доајенот на современата македонска ликовна уметност, академикот Никола Мартиноски (1903 – 1973), добитник на многубројни признанија. Експонатите, масла и цртежи, што уметникот му ги подари на својот роден град, се сместени во крушевска куќа – уникатен примерок на староградската архитектура од минатиот век. Во одделни простории се постојаните изложби: “Крушевската одаја од 19 век“ и етнолошката поставка “Носиите во Крушево и Крушевско во 19 век“.